• вторник, 24 декември 2024

Чави: ПСЖ сѐ уште е фаворит

Чави: ПСЖ сѐ уште е фаворит

Париз, 11 април 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Чави повторно му ја препушти фаворитската улога на ПСЖ во четвртфиналната пресметка од Лигата на шампионите и покрај синоќешната победа на гостувањето во Париз со 3:2.

- Многу сум горд на мојот тим. Сепак мислам дека ПСЖ е веројатно и понатаму фаворит. Ова е неверојатен тим, а ние денеска успеавме да ја намалиме нивната моќ. Особено во првото полувреме притиснавме многу добро, ефективно и високо. Многу е тешко успешно да се одржи одбраната против ваков состав на парижани, но мислам дека денеска успешно се справивме со оваа задача. Доаѓањето во четвртфиналето по долго време го препознавме како одлична можност да се докажеме и се боревме како апсолутно сите да го разбираат тоа совршено. Моите играчи веруваа во себе. Сепак, се уште ништо не е решено, изјави Чави за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра во Барселона на 16 април. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан