• четврток, 27 јуни 2024

ЦУК: Тринаесет пожари на отворено за 24 часа, активен еден во општина Кичево

ЦУК: Тринаесет пожари на отворено за 24 часа, активен еден во општина Кичево

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Тринаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) изминатите 24 часа. Само еден пожар сѐ уште се води како активен. Во општина Кичево е пријавено дека горат ниска вегетација и габер.

Вкупно 2.065 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани во последното деноноќие. Како реални биле категоризирани 65,23 проценти од нив.

- Кон полицијата биле упатени 63,22 отсто, кон Итната медицинска помош - 23,40 проценти, а кон пожарникарите - 6,99 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се додава во соопштението. бд/aa/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан