• сабота, 23 ноември 2024

ЦУК: Сточар нападнат од мечка на планината Мукос во атарот на с.Оморани

ЦУК: Сточар нападнат од мечка на планината Мукос во атарот на с.Оморани

Скопје, 9 април 2024 (МИА) -  Центарот за управување со кризи информира дека имало опасен напад од мечка на 61-годишнен човек, на планината Мукос, кај месноста „Сеча“, во атарот на с. Оморани на територија на Општина Чашка, кој завршил само со телесни повреди (на грбот и телото) и каснувања (на двете нозе, на едната посериозно), а можел да биде и фатален.

Блиските од семејството го информирале ЦУК, дека повредениот бил под многу голем стрес.

Qendra për menaxhim me kriza informoi se ka pasur sulm të rrezikshëm nga një ari ndaj një personi 61-vjeçar në malin Mukos, në vendin

-При првиот контакт кој го имал со блиските, не можел и да комуницира. Сточарот при нападот од мечката успеал, инстиктивно, по неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално, информираа блиските за ЦУК.

По нападот, 61-годишниот, дури имал сила, се вратил назад во неговата „Колиба“, заедно со стадото крави, но таму поради изнемоштеност, изгубил и најверојатно заради претрпениот шок, не се јавило веднаш за помош, при што поминал цело едно деноноќие.

- Блиските од семејството, при комуникацијата со ЦУК, информираа дека мечката го напаѓала стадото и другпат, но овојпат директно го нападнала сточарот, кога тој доцна попладне во неделата го враќал стадото крави од пасење. Истата мечка во последните три години постојано го напаѓала стадото, при што само во последната година има убиено три крави и неколку телиња. Повредениот сточар, бидејќи не се јавил дома од неделата (08.04.2024), а неговите блиски од семејството не можеле да го добијат на телефон, загрижени отишле директно на планината во „Колибата“ кај стадото крави и таму го затекнале под голем стрес и повреден, известуваат од ЦУК.

Блиските веднаш го однеле во Општа болница Велес – хируршко одделение, каде што му е пружена соодветна медицинска нега и му се дадени лекарства. Неговите нозе, покрај раните од каснувањата биле и отечени од ударите при борбата да не го касне на стомак и да го повреди повеќе.

- На едната нога имал и помала скршеница и таа му била соодветно преврзана со медицински средства. Денеска, по одењето во болница и добивањето соодветна медицински третман и медикаменти, повреденото лице од напад на мечка, доцна попладне ја напуштило болницата и е на домашно лекување во својот дом во с. Дреновци во Општина Прилеп, соопштија од ЦУК.

Оттаму, потенцираат дека ја следат состојбата на повредениот преку комуникација со неговите блиски. ад/ир/

Фото: ЦУК; МИА архива

Остани поврзан