ЦУК: Опасност од мост надвозник кај Визбегово, Скопско (видео)
- Центарот за управување со кризи соопшти дека можната нестабилност на мостот надвозник кај Визбегово, Скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилат
![ЦУК: Опасност од мост надвозник кај Визбегово, Скопско (видео)](https://new.mia.mk/images/20221128060550_big_730x400_23.webp )
Скопје, 12 ноември 2022 (МИА) - Центарот за управување со кризи соопшти дека можната нестабилност на мостот надвозник кај Визбегово, Скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата коишто се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него.
-Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции но опасноста се уште не е отстранета. Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции но и медиумите и граѓаните. Институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112, се наведува во соопштението од ЦУК. ев/
![Мост Визбегово ЦУК](/articles/images/d186d183d0ba-d0bed0bfd0b0d181d0bdd0bed181d182-d0bed0b4-d0bcd0bed181d18/h7yt8LG4w/placeholder.webp?use_watermark=0)