• понеделник, 23 декември 2024

ЦУК: Зголемен водостој на Крива Река

ЦУК: Зголемен водостој на Крива Река

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) вчера била добиена пријава за нерасчистено речно корито при што на еден од мостовите во селото Опила во општина Ранковце, има насобрано гранки од дрва што ги донела поројната вода. Од зголемениот водостој на речното корито на Крива Река, постои опасност од поплави на домови во близина, информираат утрово од ЦУК.

Известени биле градоначалникот и контакт лицата од општина Ранковце за настанатата состојба. Од Општина Ранковце одговориле дека во текот на денешниот ден ќе се расчистуваат насобраните гранки од мостот.

- Од 12 до 16 часот денеска на автопатот „A2“ - Кичево-Охрид, што е во изградба, ќе се изврши минирање.  Доколку граѓаните слушнат силни детонации, да не се вознемируваат, а истовремено да ги почитуваат сигналите за краткотрајно стопирање на движењето за време на конкретно поединечно минирање, наведуваат од ЦУК.

Оттаму повторно апелираат на внимателност поради наглите временски промени. Меѓу другото, се препорачува внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на помали одрони.

- Ова посебно се однесува за делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево, додаваат од ЦУК.

Изминатото деноноќие имало вкупно 1.643 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.

- Од нив, „реални“ - 57,82 отсто, а 42,18 проценти за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 62,03 проценти, кон Итната медицинска помош - 32,91 отсто, а кон пожарникарите - 1,27 отсто од реалните повици кон 112, појаснуваат од ЦУК. бд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан