• понеделник, 25 ноември 2024

Црн чај и чај од ѓумбир против невообичаената надуеност во лето

Црн чај и чај од ѓумбир против невообичаената надуеност во лето

Лондон, 29 јуни 2023 (МИА) - Летните горештини носат изгореници, топлотни удари, прекумерно потење, но се јавува и непријатната надуеност во цревата којашто честопати предизвикува болки. Според познавачите, постојат два напитоци што се од помош околу овој проблем, а се и прилично достапни.

Како една од причините за надуеност во лето, се наведуваат ладните пијалаци. Сепак, британската нутриционистка Памела Мејсон од „Ти едвајзори панел“, специјализиран за чаеви, истакнува дека има и други фактори што влијаат на надуеноста на стомакот и телото. Таа наведува дека топлината предизвикува проширување на крвните садови и капиларите, што овозможува повеќе течност во меѓуклеточните простори меѓу органите и ткивата. Освен тоа, има некои истражувања коишто покажуваат дека потоплото време може да го промени односот на бактериите во цревата, што може да доведе до проблеми со варењето.

Се наведува дека решение за оваа непријатна состојба е црниот чај и чајот од ѓумбир. Со пиење топол чај, вели Мејсон, флавоноидите можат да го намалат воспалението во цревата.

Овие чаеви исто така ја регулираат микробиолошката мешавина во цревата, намалувајќи ги штетните бактерии и зголемувајќи го количеството корисни бактерии. Покрај тоа, стручњакот предлага да се јаде храна богата со растителни влакна, во спој со редовна физичка активност, за телото да се ослободи од надуеноста. си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан