Црвен крст Берово ќе ги возобнови проектите за промоција на хумани вредности
- Реализација на мали проекти, во рамки на шест работни групи, како и преземање на зеднички активности за добробит во заедницата беше темата на разговор на денешната остварена средба меѓу претставници на Општинската организација на Црвен крст со градоначалникот на Берово Звонко Пекевски.

Делчево, 3 март 2025 (МИА) - Реализација на мали проекти, во рамки на шест работни групи, како и преземање на зеднички активности за добробит во заедницата беше темата на разговор на денешната остварена средба меѓу претставници на Општинската организација на Црвен крст со градоначалникот на Берово Звонко Пекевски.
На средбата, како што информираше градоначалникот, се разговарало и за воспоставување на соработка, со цел развивање на идеи и преземање на што поголем број активности, кои ќе бидат во полза на голем број жители.
- По 15 години во Берово се обновува организацијата на Црвен крст во акција за ПХВ. Извршена е дисеминација на 30 ученици/волонтери за работа на мали проекти, за хумани вредности, од кои 12 од основното и 18 ученици од средното образование. Преку обуки, младите волонтери се оспособуваат за работа на терен, стекнуваат знаења, како да ги истражат потребите на заедницата и како да дојдат до целната група на која и е потребно помош, истакна Пекевски.
Во периодот што следи, како што беше кажано на средбата, 6 групи ќе работат на мали проекти, кои ќе бидат финансирани преку донации и најдоцна до 8 мај, проектите треба да бидат реализирани.
-Очекувани резултати од реализацијата на овие проекти се: Промоција на хумани вредности, Продлабочување на мултикултурните врски, Продлабочување на соработката помеѓу институциите на локално ниво, Мобилизација и насочување на младите, кон позитивни вредности, стекнување на нови знаења и вештини, додадоа од Црвен крст Берово
ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција - Промоција на хумани вредности) е национална програма која се реализира во ОО на Црвен крст во цела држава. вс/мд/
Фото: МИА