Црвен крст-Крива Паланка со видео порака го одбележа денот на Црвениот крст и Црвената полумесечина
- Волонтерите од општинската организација на Црвен крст Крива Паланка со моќна видео-порака во која се вклучени подмладокот , раководството и повозрасните членови на хуманото семејство го одбел
Крива Паланка, 8 мај 2020 ( МИА) - Волонтерите од општинската организација на Црвен крст Крива Паланка со моќна видео-порака во која се вклучени подмладокот , раководството и повозрасните членови на хуманото семејство го одбележаа светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
- Без посебно говорење на овој ден, со една единствена порака дека сме биле, сме и ќе останеме тука за најранливите категории граѓани, под мотото „75 години каде што е потребно" го одбележавме овој значаен датум. Истовремено, и помладите волонтери се вклучија преку видео-врска, а ние од раководството, мобилните тимови и најискусните волонтери-ветерани, со громогласен аплауз им укажа ме почит на сите волонтери на Црвениот крст, во државата, но ширум планетата Земја, кои се исклучително важна алка во синџирот на вредности, меѓу кои доброчинството како најактуелни во пандемијата, на кои се темелат општествата, рече Дарко Пешовски, секретар на општинската организација на Црвен крст Крива Паланка.
Видеото е објавено на официјалниот „јутјуб“ канал на ОО Црвен крст Крива Паланка и на Фејсбук страницата, како и на официјалната интернет страница на Црвениот крст на Република Северна Македонија.иб/ир