• недела, 22 декември 2024

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Силна кохезија на нашите пратеници за неприфаќање уставни измени под бугарски диктат

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Силна кохезија на нашите пратеници за неприфаќање уставни измени под бугарски диктат

Скопје, 21 септември 2023 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ вечерва во партиското седиште одржува редовна седница на Централниот комитет на која, како што информира партијата, теми се актуелната политичка и економската состојба.

-Се реафирмираа ставовите кои беа изнесени во јавноста минатите денови, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ го осуети планот на власта, на оската ДУИ - СДС и поранешни функционери на опозицијата кои одлучиле да се стават на нивно располагање, преку валкани дилови за причини само ним познати, а кои директно ќе одат на штета на македонскиот народ. Дополнително, се потврди силната кохезија која ја има пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, од почеток до крај сите 44 пратеници, во однос на неприфаќање уставни измени под бугарски диктат. Воедно, падна во вода и тезата која власта ја пласираше години наназад во јавноста дека партијата ја раководат други лица, затоа што различностите се очигледни денес, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението опозициската партија наведува дека  ќе биде „главен партнер на идната влада која ќе ги донесе промените кои и се неопходни на Македонија“, а потоа, како што наведува „ќе следува одговорност за сите кои во различни сфери и области направиле голема штета на Македонија“. хс/аа/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан