• недела, 28 април 2024

Ципрас: Треба веднаш да ги направиме потребните промени

Ципрас: Треба веднаш да ги направиме потребните промени

Атина, 21 мај 2023 (МИА) – Изборниот резултат е особено негативен за СИРИЗА. Пред малку контактирав со господинот Мицотакис и му честитав за неговата победата. Битките имаат и победи и порази, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, по денешните парламентарни избори на кои неговата партија претрпе тежок пораз од Нова демократија со 20 проценти разлика, јави дописничката на МИА од Атина. 

Ципрас истакна дека партиските органи ќе ги разгледаат и оценат изборните резултати со цел да се направат неопходните промени

-Сепак, изборниот циклус сè уште не е завршен, бидејќи најверојатно ќе има втори избори. Затоа, немаме многу време, мора веднаш да направиме многу промени кои се потребни за да најдобро што е можно да ја водиме следната клучна и последна изборна битка, рече Ципрас.

Според официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи со пребројани 90 отсто од гласовите, Нова демократија е победник на изборите со 40,8 отсто, 20 повеќе од СИРИЗА. ср/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан