• недела, 28 април 2024

Ципрас телефонски му ја честитал победата на Мицотакис

Ципрас телефонски му ја честитал победата на Мицотакис

Атина, 21 мај 2023 (МИА) – Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас телефонски му честитал на претседателот на Нова демократија и актуелен премиер на Грција Кирјакос Мицотакис за победата на денешните парламентарни избори, јави дописничката на МИА од Атина.

Информацијата ја објавија грчките медиуми повикувајќи се на извори од двете партии, без да има дополнителни детали околу телефонскиот разговор.

Според официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи со пребројани 80 отсто од гласовите, Нова демократија е победник на изборите со 40,82 отсто, 20 повеќе од СИРИЗА. ср/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан