• вторник, 23 јули 2024

Без струја дел од корисниците во општините Чаир, Карпош и Кисела Вода 

Без струја дел од корисниците во општините Чаир, Карпош и Кисела Вода 

Скопје, 25 јануари 2024 (МИА) - Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Чаир, Карпош и Кисела Вода. 

Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Максут Садик“, „Стојко Јовановски“, „Џон Кенеди“ и „Пере Тошев“, додека од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците „Џон Кенеди“ и „Серава“, во  општина Чаир. 

Како што соопштија од ЕВН Македонија АД, во периодот од 09.00 до 14.00 часот, без струја ќе останат дел од корисниците од ул. „Леринска“, како и корисниците од улиците „Ловќенска“ и „Стрезовска“, поточно објектите лоцирани околу германската Амбасада, во општина Карпош. 

Во периодот од 10.00 до 14.00 часот, без струја ќе останат корисниците од ул. „1515“ во населба Пинтија лоцирани над училиштето, во општина Кисела Вода. цр/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан