• петок, 22 ноември 2024

Централниот комитет на СИРИЗА го усвои предлогот за гласање недоверба на лидерот Каселакис

Централниот комитет на СИРИЗА го усвои предлогот за гласање недоверба на лидерот Каселакис

Атина, 8 септември 2024 (МИА) – Со 163 гласа „за“ и 120 „против“ членовите на Централниот комитет на СИРИЗА денеска го одобрија предлогот да се гласа недоверба на лидерот на партијата Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Предлогот за гласање недоверба на лидерот беше доставен вчера од партиската фракција, т.н. „Група 87“, а за да се усвои предлогот беа потребни 148 позитивни гласа од вкупно 300 членови на Централниот комитет.

Станува збор за критично гласање што ќе ја одреди иднината на грчката опозициска партија, која во изминатиот период се соочува со низа внатрешни проблеми и несогласувања.

Како што пишуваат грчките медиуми, статутот на партијата предвидува, во случај Централниот комитет да му изгласа недоверба на лидерот со 50 отсто плус еден глас, тогаш се свикува вонреден конгрес, во рок од најмногу три месеци.

Стефанос Каселакис беше избран за лидер на СИРИЗА на крајот на септември минатата година. ср/

Остани поврзан