• петок, 17 мај 2024

Целосна реконструкција на паркот за миленици

Целосна реконструкција на паркот за миленици

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Екипи на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ - Скопје почнa со целосната реконструкција на паркот за миленици, кој се простира на површина од 1100 метри квадратни.

- Со реконструкцијата на паркот за миленици се ревитализираат старите реквизити, но истовремено се поставуваат и нови содржини за милениците, соопштија градските власти. 

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ истовремено ја почнуваат и изградбата на нови паркови за миленици во мега-парковите во Ѓорче Петров, Чаир и Кисела Вода, а ваков парк за миленици е планиран и во новиот мега-парк во општина Карпош. мд/са/

Фото: Град Скопје 

 

 

Остани поврзан