• вторник, 24 декември 2024

ЦАС: Руските фудбалски екипи не можат да настапуваат во Европа

ЦАС: Руските фудбалски екипи не можат да настапуваат во Европа
Лозана, 15 јули 2022 (МИА) – Руските фудбалски екипи нема да можат да настапуваат во европските купови оваа сезона, пресече денеска Судот за спортска арбитража (ЦАС) со седиште во Лозана. Русите претходно до судот во Лозана вложија жалба на одлуките на УЕФА и ФИФА, кои ги суспендираа руските екипи и национални селекции поради војната во Украина, но судот ја потврди одлуката на двете водечки фудбалски тела. Судот во Лозана во периодот што следи ќе одлучува по жалбите на руските федерации во другите спортови, бидејќи голем број меѓународни асоцијации го следеа примерот на УЕФА и ФИФА и ги суспендираа натпреварувачите од Русија поради инвазијата врз Украина, која Москва ја почна на 24 февруари. ег/паг/

Остани поврзан