• понеделник, 23 декември 2024

Царовска: Во интерес на учениците е да бидат во училиште

Царовска: Во интерес на учениците е да бидат во училиште
Тетово, 19 август 2021 (МИА) - Министерството за образование и наука (МОН) ги почитува сите инструкции што се даваат од здравствените власти. Ако има различни инструкции за општото дејствување во одредена општина или во одреден регион и МОН ќе се прилагоди на тоа. Во моментов немаме различни инструкции во ниту еден град, во ниту една општина или регион и токму затоа продолжуваме со инструкцијата дека на национално ниво спроведуваме образовна политика со ист интензитет и иста пркаска. Доколку тоа се промени, секако и МОН ќе се прилагоди. Ова денеска го изјави министерката за образование Мила Царовска, која заедно со премиерот Зоран Заев присуствуваа на пуштањето во употреба на спортската сала во ООУ „Александар Здравковски“ во Јегуновце. Прашана за тоа кои се причините и кој ќе одлучува дали децата ќе следат или нема да следат настава, Царовска рече дека за тоа нема да одлучува ресорното министерство или Владата, туку самите училишта. -Јасно е во програмата прикажно и во одлуката на Владата дека од немедицински причини за кои училиштето ќе има доволно аргументација да одлучи за тоа. Нема да одлучува Министерството за образование и наука, Владата, сепак станува збор за индивидуални случаи, за ретки случаи кои во училиштата ќе треба да приложат аргументација како родители или како старатели, во зависност кој ќе дојде да разговара во училиштетото. И самото училиште, заедно со наставничкиот колектив и директорот ќе одлучува за секое поединечно барање што ќе пристигне во училиштето, појасни Царовска. Министерката потенцира дека највисок интерес на учениците е да бидат во училиште.  И тоа, како што рече, го потенцираат и УНИЦЕФ, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), тоа го покажаа развиените земји како Германија, Велика Британија, скандинавските земји кои навистина имаат многу мал просек на недели поминати надвор од училиште во текот на целата мината учебна година и таа пред неа ги држеа максимално отворени училиштата. -Ние сега како земја се обидуваме да воспоставиме таков систем, по протоколи. Секако дека здравствената состојба на национално ниво или регионално ниво, општинско се менува и здравствената комисија ќе дава поинакви инструкции и ние како Министерство за образование и наука доследно ќе ги почитуваме нивните препораки, како досега така и од сега, нагласи Царовска. ас/мд/

Остани поврзан