• понеделник, 04 ноември 2024

Хутите тврдат дека собориле американски дрон над јеменската провинција Дамар

Хутите тврдат дека собориле американски дрон над јеменската провинција Дамар

Сана, 16 септември 2024 (МИА) - Јеменската бунтовничка група Хути денеска соборила американско беспилотно летало MQ-9 во јеменската провинција Дамар, изјави нивниот портпарол Јахја Сари.

Британските медиуми пренесуваат дека Хутите воедно ја презедоа одговорноста за вчерашниот напад со балистичка ракета врз централниот дел на Израел, и притоа се заканија со уште вакви напади.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во одговор на нападот им порача на Хутите дека „скапо ќе платат“ за нападот и ја изрази својата решеност да направи се што може за да го врати евакуираното население од регионот дома. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан