Хумелс го одигра 500. натпревар за Борусија Дортмунд
- Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, го забележа својот 500-ти настап за клубот. Јубилејот го одбележа синоќа на натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид (1:2).
Мадрид, 11 април 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, го забележа својот 500-ти настап за клубот. Јубилејот го одбележа синоќа на натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид (1:2).
Триесет и петгодишниот дефанзивец е втор во историјата на клубот според број на одиграни натпревари.
Прв на вечната листа е поранешниот фудбалер од средниот ред Мајкл Зорк со 572 одиграни натпревари.
Хумелс оваа сезона за Борусија Дортмунд одигра 32 натпревара и постигна три гола. зс/
Фото: ЕПА