• петок, 20 март 2026

Хуманитарна помош од битолскиот Црвен крст за семејства од исламска вероисповед

Хуманитарна помош од битолскиот Црвен крст за семејства од исламска вероисповед

Битола, 18 март 2026 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст Битола во соработка со Муфтиство на ИВЗ - Битола и муфтијата Хаџи Ефенди Амид Расими, по повод верскиот празник Рамазан Бајрам и 17 март - Ден на основање на Црвениот крст на РСМ, додели донација хуманитарна помош која ќе биде поделена на социјално-загрозени семејства од исламска вероисповед.

Општинската организација на Црвен крст Битола, по повод Денот на основањето на Црвениот крст, во соработка со Службата за трансфузиона медицина организираше и крводарителска акција, на која беше соопштено дека во 2025 година на подрачјето на Општина Битола е надминат годишниот план од 2.854 крвни единици со над 150 проценти.мт/вј/

Фото: ОО на Црвен крст Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан