• петок, 12 јули 2024

Хуманитарен турнир на СДММ „Млади и солидарни ", се собираат средства за младите и децата со попреченост

Хуманитарен турнир на СДММ „Млади и солидарни
Скопје, 22 октомври 2022 Социјалдемократската младина на Македонија денеска оддржа регионален натпревар во мал фудбал во салата ,,11 октомври" во Скопје. Младите од скопскиот регион играа за хумани цели и заедно собираа средства за центрите за поддршка на младите и децата со попреченост. СДММ преку дружба и натпревар, со спортски активности реализира хуманитарна акција за поддршка на млади и деца со попреченост. Преку ваквите хуманитарни турнири се собираат средства за Центрите за поддршка на млади и деца со попреченост. Следниот турнир е веќе утре кога во Валандово ќе играат екипите од Југоисточниот регион. СДММ ги поканува младите да се приклучат, да бидеме хумани, да се поддржуваме, да помагаме на оние на кои им треба помош. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан