• среда, 18 декември 2024

Хуманитарен новогодишен базар за децата со посебни потреби во штипското училиште ,,Ванчо Прќе"

Хуманитарен новогодишен базар за децата со посебни потреби во штипското училиште ,,Ванчо Прќе

Штип,13 декември 2023 (МИА) - Хуманитарен донаторски настан под мотото „Училиште без бариери“ денеска се одржа во штипското основно училиште „Ванчо Прке“. Учениците со помош на нивните наставници и родителите изработија зимски рачни изработки кои беа ставени на продажба.

Петар Рамбабов, координатор на проектот информриа целта на настанот е да се подобрат условите за работа на учениците со посебни образовни потреби.

-Целта е да се подобрат условите за работа на учениците со посебни образовни потреби во нашето училиште преку јакнење на капацитетите на наставниците во спороведување на инклузивното образование, организирање на работилници и обуки на теми поврзани со детското право, интеркултурализмот, опремување на училиштетот со асиситивна технологија, рече Рамбабов.

Во училишниот базар беа вклучени сите ученици од прво до деветто одделение, сите наставници и вработени. Дополнително поканата да биде дел од настанот ја прифатил и Ристо Самарџиев, кој пееше заедно со училишниот хор.

Новогодишните украси изработени од децата, наставниците и родители се продаваа по симболична цена со цел да се соберат средства за подобрување на условите за работа на децата со посебни образовни потреби. Проектот „Инклузија на деца со посебни образовани потреби“ е во организација на Здружението „Отворете ги прозорците“ подржан од детската фондација.вдј/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан