Хуманитарен настан денеска во Велес, во пресрет на празникот Св. Никола
- Вкупно 1520 празнични ручеци во прсрет на празникот Св. Никола подготвени од страна на гостилница „БОЕМ“, денеска од 12 до 14 часот пред платото на Општинскиот суд во Велес бесплатно ќе бидат поделени на велешани. Оваа голема хуманитарна акција има за цел да не остави гладен ниту еден граѓанин за време на големиот верски празник, а со собраните средства и да му помогне на велешко семејство Димови целосно да го реновира својот дом.
Велес, 18 декември 2023 (МИА) - Вкупно 1520 празнични ручеци во прсрет на празникот Св. Никола подготвени од страна на гостилница „БОЕМ“, денеска од 12 до 14 часот пред платото на Општинскиот суд во Велес бесплатно ќе бидат поделени на велешани. Оваа голема хуманитарна акција има за цел да не остави гладен ниту еден граѓанин за време на големиот верски празник, а со собраните средства и да му помогне на велешко семејство Димови целосно да го реновира својот дом.
На платото пред зградата на Основен суд Велес ќе биде поставен и штанд на детската градинка „Димче Мирчев“ на кој по симболична цена ќе се продаваат рачни изработки од дечињата. Свој штанд ќе има гастрономскиот смер на ССОУ „Коле Неделковски“ на кој ќе може да се купат посни десерти за празникот, додека на штандот на пензионерите од Здружение на пензионери Велес ќе може да се купи сукано и тегнето.
Како што информира за МИА, Трајче Мешков од гостилница „БОЕМ“ сите собрани средства од штандовите ,како и средствата кои за ручекот ќе ги донираат граѓаните во поставената хуманитарна касичка, ќе бидат наменети за петчленото семејство Димови од Велес во кое само таткото е работноспособен, додека неговата сопруга и трите деца се со посебни потреби.
-Воедно во 12 часот Дедо Мраз ќе донесе и 50 пакетчиња кои ќе бидат поделени за деца од социјални семејства, а новогодишни пакетчиња може да донираат и сите граѓани,а кои исто така ќе им бидат пделени на деца од социјални семејства, информира Мешков.
Акцијата финансиски ја подржаа голем број на спонзори фирми и поединци на кои организаторите им искажаа голема благодарност за хуманоста.Тоа се: „Пан промет“ и Р.А.„Мартин“, Ротари клуб од Велес, „Грин енерџи“ ГЕ од Велес , „Лутекс“ – Велес, Евангелска црква од Велес заедно со Филип Иванов, Лион од свети Николе (донација на новогодишни пакетчиња), Рената и Саше Димови, Ердован Етоски, Александра Пачемска , група млади момци кои инсистираа на анонимност, Ташко Гуџов со семејството.
Посебно големо благодарност организаторите искажуваат до Александар Ѓорѓиевски и неговото здружение „Подај рака – спаси живот“ кое заедно со група мајстори од Велес ќе го реновираат домот на семејството Димови.
Организаторите ги покануваат сите граѓани на Велес и сите добронамерници денеска од 12 до 14 часот да го посетат плочникот пред судот во градот, да земат бесплатно гравче и риба, да бидат хумани и да донираат средства на оние на кои помошта им е најнеопходна. ад/
Фото: Трајче Мешков