• понеделник, 23 декември 2024

Хуманитарен концерт во чест на Климентина Рафајловска

Хуманитарен концерт во чест на Климентина Рафајловска

Скопје, 17 април 2024 (МИА) - Хуманитарен концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска ќе се одржи во сабота во Салон 19:19, а средствата собрани од продажбата на билети ќе бидат донирани на Здружението посветено на пациенти болни со рак и нивни негуватели ХЕМА-ОНКО, а наменети за потребите на пациентите на Универзитетска клиника за хематологија.

На концертот ќе настапат музичари од нејзината генерација, Ема Абаџиева – обоа, англиски рог, Весна Ангелова Христов – пијано, Орце Ицковски – фагот, Гордана Јаневска – виолина, Тереза Крцоска – виолина, Јанинка Невчева – пијано, Јулија Нелковска – виолина, Надежда Рубен – сопран, Боро Станковски – виола, Елена Стојческа – флејта, Дарко Трајковски – виолина, Мерсиха Шукри – харфа.

Ќе бидат изведени дела од композоторите Сен Санс, Равел, Буланже, Штолцел, Пијацола, Хенсон, Капле, Форе и Шостакович. 

Во нејзина чест од 1995 -2008 година беше доделувана наградата „Климентина Рафајловска” за првенец на генерација, од страна на истоимената Фондација. Меѓу добитниците на оваа награда се и Симон Трпчески, Ирина Наумовска, Никола Атанасов, Александар Краповски и други. 

Рафајловска (1977-1994), беше ученик на пијано и харфа во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје. бак/са/

Фото: Плакат

Остани поврзан