Хуманитарен Божиќен концерт со Иван Босиљчиќ вечерва во Велес
- Општина Велес во соработка со Театарот „Јордан Хаџи Константинов -.Џинот“ и Општинската организација на Црвен Крст вечерва во 20 часот на големата сцена на Театарот организираат хуманитарен Божиќен концерт на кој ќе настапи српскиот актер и пејач Иван Босиљчиќ со поетско-музичка вечер насловена како „Наша вечер“.
Велес, 4 јануари 2026 (МИА) – Општина Велес во соработка со Театарот „Јордан Хаџи Константинов -.Џинот“ и Општинската организација на Црвен Крст вечерва во 20 часот на големата сцена на Театарот организираат хуманитарен Божиќен концерт на кој ќе настапи српскиот актер и пејач Иван Босиљчиќ со поетско-музичка вечер насловена како „Наша вечер“.
Како што информираат од Општина Велес, средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Од Општина Велес потенцираат дека хуманитарен концерт кој е по повод најголемиот христијански празник Божиќ, е со цел граѓаните да ја покажат својата хуманост и воедно да уживаат во неповторливиот перформанс на Босиљчиќ. ад/фф/
Фото: Општина Велес