„Хуавеј“ работи на новиот паметен телефон со троен преклоп
- Купувач го прашал за паметниот телефон и кога ќе може да се купи, па следел одговор - „следниот месец“.
Пекинг, 21 авгyст 2024 (МИА) - Кинеската технолошка компанија „Хуавеј“ (Huawei) го подготвува новиот паметен телефон со троен преклоп за пазарот. Најновите информации најавуваат можен почеток на продажбата во септември.
Телефонот веќе беше забележан во рацете на директорот на одделот за потрошувачи на „Хуавеј“ - Ричард Ју, па токму овој претставник на кинескиот бренд потврди дека уредот ќе се најде на пазарот следниот месец. Ју го соопшти тоа на свеченост на претставување на електричниот автомобил „Стелато С-9“ (Stelato S-9), којшто го користи оперативниот систем на „Хуавеј“ - „Хармони-ОС“ (HarmonyOS).
Токму во оваа пригода, купувач го прашал за паметниот телефон и кога ќе може да се купи, па следел кус одговор - „следниот месец“.
Телефонот со троен преклоп би требало да има огромен екран од 25 сантиметри, а дали ќе стане дел од серијата „Мејт“ (Mate) и „Мејт Икс“ линијата, останува да се види следниве недели. си/
Фото: МИА архива