• сабота, 27 април 2024

Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на ДПМ

Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на ДПМ

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Писателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). 

Петрески утрово преку писмено соопштение информираше дека поднел оставка од здравствени причини.

- Најпрвин им благодарам на сите оние колеги – писатели кои со своите гласови ме избраа за претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Верувам дека во претходниот период на раководење со Друштвото на писателите на Македонија постигнавме доста, но има уште многу што треба да се сработи. Но, од здравствени причини сега јавно Ве известувам дека давам неотповиклива оставка на функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија и му посакувам многу среќа, здравје и успех на тој што ќе продолжи да го води Друштвото на писателите на Македонија кон обединување, континуитет и нови иницијативи и резултати, наведува Петрески. мд/

фото: МИА архива 

 


 

 

Остани поврзан