• среда, 20 ноември 2024

Христов: Обновено снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од местата погодени од невремето во Бургас

Христов: Обновено снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од местата погодени од невремето во Бургас
Софија, 18 септември 2022 - Напојувањето со електрична енергија е обновено во повеќето точки погодени од невремето, а на многу места се користат привремени рути, објави во Бургас вршителот на должноста министер за енергетика Росен Христов, цитиран во соопштението од Министерството за енергетика. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.    Според него, големи штети има на 110-киловолтната мрежа, бидејќи паднале 12 електрични столбови. „Прелиминарната проценка е дека ќе бидат потребни околу два месеца за нивно обновување. Барајќи утре да ни биде претставен распоред и заедно со кризниот штаб да најдеме опција за побрзо решение“, додаде Христов. Според него, проблемот е сериозен и „не може да се потпреме на алтернативни рути со оглед на наближувањето на грејната сезона“. „Екипите покажаа способност за брзо организирање, во текот на ноќта бевме во контакт со кризниот центар на ЕВН“, рече Христов и се заблагодари за соработката на градоначалникот на Бургас Димитар Николов и регионалната гувернерка Марија Нејкова. Тројцата посетија рибен пазар во Бургас, чие производство беше загрозено поради прекинот на струјата како последица на невремето. „Температурата за замрзнатите производи беше критична. Во моментов е вратено напојувањето. Поради оваа причина сакам да изразам благодарност до државата - министерот за енергетика Росен Христов, градоначалникот Димитар Николов и регионалниот гувернер проф. Нејкова за нивната интервенција и брза реакција. Во халите има производство за вкупно околу 5 милиони лева, вели сопственикот на берзата Ивајло Русинов, цитиран во соопштението. Претходно денеска Министерството за земјоделство соопшти дека земјоделците погодени од лошото време во регионот Бургас од денеска можат да поднесуваат барања за помош и инспекции. Документите ќе се примаат во општинските канцеларии на „Земјоделство“ според локацијата на имотите. Поддршката ќе биде доделена врз основа на истражни протоколи, а средствата ќе бидат исплатени во најкраток можен рок, уверуваат од одделението. Вчера попладне во Бургас имаше силно невреме со дожд. Налетите на ураганскиот ветер на некои места достигнаа и до 100 км/ч, соопшти прес-центарот на општина Бургас, повикувајќи се на податоците на Хидрометеоролошката опсерваторија во Варна. Има паднати дрвја, електрични столбови, билборди, табли, огради, превртени клупи од силниот ветер. Неколку села останаа без струја. БТА ____________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА  

Остани поврзан