• недела, 20 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хрватско МНЕР: Постапување на ЕППО и Ускок е по наша пријава поднесена на крајот на јануари

Хрватско МНЕР: Постапување на ЕППО и Ускок е по наша пријава поднесена на крајот на јануари

Загреб, 8 април 2025 (МИА) - Министерството за надворешни и европски работи (МВЕР) на Хрватска, со кое раководи министерот Гордан Грлиќ Радман, потврди дека во неговиот ресор е во тек акцијата на членовите на ЕППО и Ускок врз основа на пријава поднесена од МНЕР кон крајот на јануари годинава.

МНЕР се огласи со соопштение во кое наведува дека на крајот на јануари годинава, по извршена опсежна анализа на нивните стручни служби, пријавиле во Ускок забележани неправилности поврзани со пресметката на патните налози на повеќе вработени од доменот за техничка ИТ поддршка на МНЕР.

Европското обвинителство во Загреб (ЕППО) претходно соопшти дека во МНЕР е во тек заедничка акција со членови на Ускок и дека се спроведуваат итни дејствија за прибирање докази, поради можни незаконитости во врска со користењето пари од државниот буџет и од Европскиот фонд за внатрешна безбедност.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан