• понеделник, 23 декември 2024

Хрватска упати протестна нота до Србија поради нападот врз нејзини граѓани во Панчево

Хрватска упати протестна нота до Србија поради нападот врз нејзини граѓани во Панчево

Загреб, 16 април 2024 (МИА) - Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево, соопштено е денеска во Загреб.

„Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Република Србија во врска со неиспровоцираниот тежок физички напад што се случи на 13 април во Панчево, врз четворица хрватски државјани, како и врз двајца српски државјани кои дошле во нивна одбрана“, се вели во соопштението на министерството.

Хрватското Министерство најостро го осуди тој чин, кој, според достапните информации, е јасно национално и етнички мотивиран. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан