• вторник, 03 февруари 2026

Хоџа - Улусој: Продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Турција во областа на животната средина

Хоџа - Улусој: Продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Турција во областа на животната средина

Скопје, 26 јануари 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска остварил работна средба со амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Фатих Улусој, на која биле разгледани можностите за унапредување и продлабочување на билатералната соработка, со посебен фокус на областа на животната средина.

На средбата, како што информират од МЖСПП, Хоџа изразил благодарност за долгогодишната и континуирана поддршка што Република Турција ѝ ја дава на Република Северна Македонија уште од нејзиното осамостојување, потенцирајќи ја важноста на партнерството меѓу двете земји во реализацијата на заеднички иницијативи и проекти.

Соговорниците разговарале и за претстојниот Форум за води, кој ќе се одржи на 5 и 6 мај годинава во Истанбул, со учество на министрите за животна средина од земјите на Западен Балкан, како и за одржувањето на 31-та Конференција на страните (COP31), најзначајниот глобален самит за климатски промени под покровителство на Обединетите нации, кој ќе се одржи во Анталија, Република Турција.

На крајот од средбата, министерот Хоџа изразил уверување дека билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Турција ќе продолжи да се развива, придонесувајќи кон зајакнување на меѓусебните односи и интензивирање на размената на знаења и искуства од заеднички интерес. фф/лв/

Фото: МЖСПП

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан