Хофенхајм го продолжи договорот со најдобриот стрелец на клубот на сите времиња
- Германскиот фудбалски клуб Хофенхајм на својата официјална веб-страница објави дека напаѓачот Андреј Крамариќ го продолжил договорот. Страните потпишаа нов договор со важност до јуни 2025 год
Зинсхајм, 14 март 2022 (МИА) – Германскиот фудбалски клуб Хофенхајм на својата официјална веб-страница објави дека напаѓачот Андреј Крамариќ го продолжил договорот. Страните потпишаа нов договор со важност до јуни 2025 година.
Крамариќ за Хофенхајм игра од 2016 година. За тоа време, тој стана најдобар стрелец во историјата на клубот.
До денес, 30-годишниот Хрват одигра 211 натпревар за Хофенхајм и постигна 101 гол. зс/