• петок, 22 ноември 2024

Хоти: Идната косовска влада има многу работа за да ги поправи штетите што ги нанесе Курти

Хоти: Идната косовска влада има многу работа за да ги поправи штетите што ги нанесе Курти

Приштина, 18 септември 2024 (МИА) – Поранешниот косовски премиер Авдула Хоти смета дека идната влада има многу работа за да ги поправи штетите „предизвикани од контрадикторни закони и интервенции против бизнисот“ од страна на актуелната влада на Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Повикувајќи се на новиот закон за даночни процедури, Хоти на неговата страница на Фејсбук напиша дека тој даночен кредит, според овој закон, сработен без исцрпна јавна расправа, доколку бизнисот плаќа повеќе ДДВ на даночната управа, не може да го користи повеќе од три години, а кога ќе помине тој период, износот на даночната претплата за бизнисот е изгубен.

„Согласно новиот закон за даночни постапки, доколку бизнисот платил повеќе ДДВ на даночната администрација, тој даночен кредит не може да го користи повеќе од три години. Откако ќе заврши периодот од три години, тој износ на претплата на деловниот данок се губи. Сепак, плаќањата на вишокот данок на доход за период подолг од три години не може да се врати или да се префрли на други даночни обврски кои бизнисот ги има кон државата. Ова е резултат на ‘даночните реформи’ кога се прават без исцрпна јавна расправа и се усвоени со забрзани процедури во Собранието“, напиша пратеникот и член на Претседателството на опозицискиот Демократски сојуз на Косово.

Според поранешниот премиер штети ќе се нанесат и на бизнисите и на принципите на пазарната економија.

„Идната влада има многу работа за да ги поправи штетите предизвикани од контрадикторните закони и интервенциите против бизнисот и принципите на слободната социјална пазарна економија“, вели Хоти. иа/

Остани поврзан