• понеделник, 23 декември 2024

Хоспитализираната жена во Приштина не е инфицирана со коронавирусот

Хоспитализираната жена во Приштина не е инфицирана со коронавирусот
Приштина, 8 февруари 2020 (МИА) – Клиниката за инфективни болести при Универзитетскиот клинички центар во Приштина на Фејсбук објави дека хоспитализираната странска државјанка не е заразена со коронавирусот. Претходно директорката на Клиниката, Линдита Бериша изјави дека денеска во 17 часот е хоспитализирана жена, за која постои сомневање дека има коронавирус. Kосовскиот министер за здравство, Арбен Витиа изјави дека пациентката е државјанка на Велика Британија и има симптоми на коронавирус. - Станува збор за странски државјанка, која престојувала во ски-центар надвор од Косово, со пет други лица за кои постои сомневање дека се заразени со коронавирус, истакна Витиа“. шк/ми/

Тагови

Остани поврзан