• сабота, 23 ноември 2024

Хонгконг: Се затвора уште една информативна веб-страница

Хонгконг: Се затвора уште една информативна веб-страница
Хонгконг, 2 јануари 2022 (МИА) - Онлајн медиумот Ситизен њуз за вести од Хонгконг денеска соопшти дека ќе престане со работа, неколку дена откако полицијата изврши рација и уапси седум лица кои работеа на информативниот сајт Стенд њуз. Ситизен њуз денеска ја објави својата одлука на Фејсбук. Тие соопштија дека на 4 јануари ќе престанат да ја ажурираат страницата, а потоа ќе ја затворат. - Отсекогаш сме ја сакале оваа земја, но во моментов сме беспомошни бидејќи се соочуваме не само со ветер и дожд, туку и со торнада и огромни бранови. Никогаш не ги заборавивме нашите првични намери, но штета е што брзите промени во општеството во изминатите две години и влошувањето на медиумската средина не спречија безгрижно да ги реализираме нашите идеали, се наведува во соопштението на Ситизен њуз. Ситизен њуз е трета медиумска куќа која се затвора во изминатите неколку месеци, по престанувањето со работа на Епл дејли и Стенд њуз. гт/

Остани поврзан