• понеделник, 23 декември 2024

Холивудски sвезди кои страдаат од несоница

Холивудски sвезди кои страдаат од несоница
Лос Анџелес, 22 февруари 2021 (МИА) - За многумина, можеби, е тешко да се замисли дека богатите и славните, кои навидум изгледаат имуни на проблемите на „обичните смртници“ - лежат будни со часови навечер, свртувајќи се и тркалајќи се во креветот. Но, за многу од познатите - ова е факт. Несоницата е можеби уште поголем проблем за нив, со оглед на нивниот густ распоред, постојаната промена на временските зони и менталното оптоварување. Недостатокот од сон може да биде навистина лошо за здравјето, а еве некои од светските sвезди кои споделиле такво искуство... Џорџ Клуни, во интервју за „Холивуд рипортер“, признава дека иако обично, тој е в кревет до 22:00 часот, неговиот „зафатен“ ум честопати го држи буден цела вечер. Но, глумецот го пронашол „своето апче за спиење“ - вклучен телевизор. Во друго интервју, тој вели дека ја надминал својата несоница, но неговите новородени близнаци повторно „го измешале“ распоредот за спиење. Глумицата Шарлиз Терон, во емисијата „Џими Кимел, во живо!“ призна дека страда од „навистина лош сон“. Но, медицинската марихуана ѝ помогнала да се справи со проблемот. Пејачката Ријана, во изјава за „Вог Париз“, вели дека има многу проблеми со „исклучување на умот“. - Дури и кога ќе се вратам дома рано, што значи пред 1:00 часот по полноќ, почнувам да гледам емисии или документарци, да се прејадувам со омилената храна и така - јас никогаш не можам да одам в кревет. Јас всушност спијам само три или четири часа ноќе, раскажуува таа. Џенифер Анистон, во повеќе интервјуа признава дека се бори да го смири умот навечер и, меѓу другото, и со помош на апликации кои стимулираат сон. Во едно од нив, таа изјави дека нејзиниот клучен совет е „заспијте, но со телефонот во соседната соба“. Таа препорачува и брза медитација пред спиење, како и неколку пози за јога кои ѝ помагаат да се опушии. - Но, најголемата работа е исклучување на целата електроника во спалната соба. Идеално - еден час пред да ги исклучите светлата, вели глумицата. Мадона, во интервју за „Ролинг стоун“, вели дека со десетлетија живее со хронична несоница. Таа, исто така, признава дека редовно останува во студиото за снимање до 2:00 часот по полноќ и станува во 7 часот наутро, поради нејзините деца. Натали Портман неодамна рече дека „заспива лесно, но не спијам многу долго“, додавајќи дека кога имате мали деца, навикнати сте да се будите и на секој мал звук.  си/сд/

Остани поврзан