• понеделник, 23 декември 2024

Холанд прв пат не даде гол за Борусија Дортмунд, која пак прв пат сезонава загуби два натпревари во низа

Холанд прв пат не даде гол за Борусија Дортмунд, која пак прв пат сезонава загуби два натпревари во низа
Леверкузен, 8 февруари 2020 (МИА) – Во последниот саботен натпревар од 21. бундеслигашко коло, Борусија Дортмунд вечерва загуби на гостувањето кај Баер Леверкузен со 4:3. За „милионерите“ ова е прв пат оваа сезона да „врзат“ два пораза. Претходно, Борусија загуби од Вердер Бремен (3:4) во Купот на Германија. Воедно, ова е прв натпревар откако е во нивните редови, да не се запише во листата на стрелците Ерлинг Холанд. Норвешкиот фудбалер претходно постигна осум голови на четири средби Борусија Дортмунд е трета на табелата во Бундеслигата со 39 бода, Баер Леверкузен е петти со два бода помалку. зс/

Остани поврзан