• понеделник, 23 декември 2024

Холандскиот министер за здравство колабира во Парламентот

Холандскиот министер за здравство колабира во Парламентот
Хаг, 19 март 2020 (МИА) - Холандскиот министер за здравство Бруно Бруинс (56) денеска се онесвести во Парламентот. Тој  колабира на говорница додека слушаше прашање од пратеник, а помош му пружија присутните министри. - Уморот се наталожи изминатите недели, но сега се чувствувам подобро. Одам дома да се одморам за утре да продолжам да се борам против коронавирусот, истакна Бруинс во пиана порака. Во Холандија вчера се потврдени 346 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на инфицирани лица се искачи на 2.051, а 58 починаа. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан