• недела, 07 јули 2024

Холандија: Метални делови од авион паѓале во населено место

Холандија: Метални делови од авион паѓале во населено место
Амстердам, 22 февруари 2021 (МИА) - Жителите на холандското село Мерсен беа шокирани откако повеќе метални делови од авион паднаа од небото, оштетувајќи автомобили и куќи, а полесно се повредени една жена и дете. Авионските делови се од товарното летало Боинг 747-400, кое во саботата исчезна откако во 16 часот полета од аеродромот Мастрихт кон Њујорк. Очевидци тврдат дека слушнале силни удари и виделе пламен како излегува од еден од левите мотори на авионот, по што почнале да бегаат во засолниште, а метални делови паѓале насекаде низ селото. Неколку автомобили и покриви на куќи се оштетени од вжештениот метал кој паѓал од небото. Авионот итно слетал во Лиеж во Белгија. Аеродромската полиција и холандскиот Одбор за безбедност започнале истрага, во обид да утврдат што се случило. Сличен инцидент се случил и во САД, исто така во саботата, кога се запалил мотор на авионот Боинг 777 на компанијата „Јунајтед ерлајнс“, а делови од леталото паднале во предградие на Денвер. гт/

Остани поврзан