• петок, 22 ноември 2024

Ходаи апелира дражавата да не ги крати парите за студентскиот стандард

Ходаи апелира дражавата да не ги крати парите за студентскиот стандард

Штип, 22 ноември 2023 (МИА) - Студентите имаат низок стандард и квалитет на високото образование, посочи Бленди Ходаи, директор на  Форумот за образовни промени, кој македонската јавност од претходно го знае како средношколски лидер и гласноговорник на младите. Тој смета дека и студентите треба да бидат погласни, а не, како што вели, само неколку студентски активисти да говорат за проблемите.

-Треба сите да бидеме гласни и да им ги кажеме на институциите конкретните работи, коишто ние сакаме да ги правиме. Кои се тие? Дигитализација на високото образование, транспарентно високо образование, покачување на студентскиот стандард. Вие знаете со новиот Предлог буџет за 2024 е исто така намален студентскиот стандард. Тоа не треба да се случи. Иако сме во криза, а  нашата држава е секогаш во некоја транзициска криза, сепак не треба да се крати од студентскиот стандард, рече Ходаи.

Посочи дека  државата, напротив, треба да инвестира во младите и студентите, бидејќи се тие коишто во иднина ќе раководат со универзитетите, здравството, институциите и државата.

Прашан за споредба на македонскиот студентски стандард со стандардот во други земји, Ходаи одговори  дека анализите и искуството што го имаат како невладина организација покажуваат дека стандардот на македонските студенти е паднат на дното.

-Заради тоа што не може да обезбедува базичен студентски стандард за студентите. Да земеме прмер не само од Штип туку од Скопје. Градовите во европските земји коишто имаат  универзитети се нарекувани студентски градови и економоскиот стандард на тие градови е прилагоден кон студентите, за да им биде полесно да завршат и да го поминат студентското живеење таму, рече  Ходаи.

Додаде дека Скопје е „буквално најлошиот пример за студентски град во регионот“, затоа тоа што е скап за студентите и, како што вели, не обезбедува средина во која студентите би можеле да го доживеат студентскиот живот каков што имаат студентските градови низ светот. вдј/хс/    

 Фото: МИА

Остани поврзан