• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хипер: Секоја активност за поткопување на суверениот, интегритетот и Уставот на БиХ ќе има последици  

Хипер: Секоја активност за поткопување на суверениот, интегритетот и Уставот на БиХ ќе има последици  

Брисел, 7 април 2025 (МИА) - ЕУ досега во неколку наврати повтори дека неодамна усвоените закони во Република Српска го поткопуваат уставниот и правниот поредок на Босна и Херцеговина и функционалноста на институциите на државата, ги загрозуваат основните слободи на граѓаните и се во спротивност со обврските земјата што ги презеде на својот европски пат, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер. 

- Јасно ја истакнавме потребата од почитувањето суверенитетот, територијалниот интегритет и уставниот поредок на Босна и Херцеговина, како и дека секоја активност против овие принципи ќе има последици, додаде Хипер. 

Според неа, денеска започнатата турнеја на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас низ Западниот Балкан, во чии рамки ќе ги посети Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, претставува клучна порака дека интеграцијата во Унијата е најдобрата гаранција за просперитет и стабилност на БиХ и показател за посветеноста на блокот на стабилноста, безбедноста, владеењето на правото и зајакнување на функционалноста на државните институции на земјата, како се неопходни за нејзината иднината во Европската Унија. 

Као што јави дописникот на МИА од Брисел, портпаролот на ЕК за проширување Гијом Мерсие од своја страна истакна дека кога станува збор за европскиот пат на БиХ, и за неа важат критериумите како и за сите земји опфатени со преговорите за проширување - дека тоа е процес заснован на заслуги и секоја држава кандидат се оценува според сопствениот напредок во исполнувањето на сите услови. 

Тој потенцира дека по оценката на ЕК дека БиХ постигнала „видливи резултати“ во спроведувањето на преземените обврски, лани во март Европскиот совет донесе одлука за старт на пристапните преговори, по што сега се работи на подготовка на Преговарачката рамка со цел земјата да може да ги почне преговорите. 

- За да се случи тоа, Босна и Херцеговина треба да ги преземе и сите релевантни чекори утврдени во препораката на Комисијата. Ја охрабруваме БиХ да се врати на таквата позитивна динамика, рече Мерсие. 

Според него, меѓу чекорите што треба да ги преземе земјата се усвојувањето на законите за судството и за советот на јавни обвинители, да формира преговарачки три со ЕУ и да избере главен преговарач, да именува националниот координатор за ИПА, како и да ја финализира и достави Реформската агенда во рамки Планот за раст на Западниот Балкан. 

- Европската комисија останува на располагање за да обезбеди техничка, финансиска и политичка поддршка на БиХ, како и да и помогнеме да напредува на нејзиниот европски пат, додаде Мерсие. 

На прашање дали ЕК планира воведување санкции против претседателот на Република Српска, Милорад Додик поради неговите активности за поткопување на суверенитетот и уставниот поредок на БиХ, Мерсие одговор дека преземањето такви мерки е во надлежност на земјите членки, а не на Комисијата. сп/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан