• понеделник, 08 јули 2024

Хименез зборуваше за неуспешните трансфери во Јувентус и во Манчестер јунајтед

Хименез зборуваше за неуспешните трансфери во Јувентус и во Манчестер јунајтед
Лондон, 14 ноември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез проговори за тоа како можеше да заврши во Јувентус или Манчестер јунајтед минатото лето. - Еден ден дознав дека Јувентус и Манчестер јунајтед сакаа да ме купат. Знам дека имаше понуди и преговори. Сепак, не беше постигнат договор. Среќен сум во Вулверхемптон. Нема ништо лошо во тоа да се биде таму каде што се чувствуваш добро. Екипата знае дека не сум задоволен од мојата форма и сакам да играм подобро, изјави Хименез за „TUDN“. Во сезоната 2020/21, Хименез одигра девет натпревари за Вулверхемптон, постигна четири гола. Порталот „Transfermarkt.com“ го проценува 29-годишниот Мексиканец на 40 милиони евра. зс/

Остани поврзан