• недела, 22 декември 2024

Хејден Панетиер во новиот филм „Амбер алерт“

Хејден Панетиер во новиот филм „Амбер алерт“

Лос Анџелес, 24 септември 2024 (МИА) - Aмериканката глумица Хејден Панетиер во интервју за „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment) зборува за нејзиниот нов трилер, „Amber Alert“ („Тревога за киднапирано дете“), каде што нејзиниот лик го гони осомничениот киднапер.

Приказната ја следи Жак, која добива предупредување на телефонот преку системот „Амбер алерт“ и го забележува автомобилот баран во случајот за киднапирање дете... Ова е прва улога за Панетиер по четиригодишната пауза. Taa e и извршна продуцентка на овој долгометражен филм.

- Откако го прочитав сценариото, почувствував скоро итна обврска да го сторам тоа бидејќи и тоа е вид граѓанска должност. (Известувањата за итни случаи, з.п.) се јавуваат и на мојот телефон - некогаш се поврзани со временските услови, но понекогаш се и тревоги за киднапирање - и никогаш веќе нема да ги занемарам и да не погледнам околу себе со должно внимание за да проверам. И, ако сите го прават истото, би можеле (да помогнеме) на многу деца, вели Панетиер.

Поради своето детство и младост, глумицата вели дека ѝ е важно да внимава на пристапот кон малите деца со кои работи.

- Секогаш сум заштитнички настроена кон децата на снимањата. Моите искуства додека растев не беа секогаш пријатни. Не секој сака да работи - или има трпение да работи со деца... Имајќи го тоа искуство, имам способност да ги заштитам - емотивно и ментално... Потоа слушате приказни за деца кои биле киднапирани, а потоа тие конечно пронашле начин - години подоцна, да избегаат. Тоа се среќниците, кои се живи, и ја раскажуваат приказната. А, има многу што не се (така среќни), додаде таа.

Иако е само филм, Панетиер се надева дека филмот ќе ги поттикне гледачите да го променат својот начин на размислување и да ги следат нештата околу себе, по тревога за киднапирано дете на телефонот.  си/паг/

Фото: ИМДБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан