• недела, 22 декември 2024

Херцог: Скршено е срцето на нацијата по пронаоѓањето на телата на шест заложници

Херцог: Скршено е срцето на нацијата по пронаоѓањето на телата на шест заложници

Тел Авив, 1 септември 2024 (МИА) - Израелскиот претседател Исак Херцог денеска соопшти дека срцето на целата нација е скршено откако припадниците на војската во Газа ги пронашле телата на шестмина убиени заложници.

„Во име на целата држава Израел ги носам нивните семејства во моето срце и барам прошка затоа што не можевме безбедно да ги вратиме дома вашите најмили“, се наведува во соопштението на Херцог.

Тој посочи дека убиството на заложниците ја докажува подготвеноста на Хамас да изврши злосторства против човештвото, нагласувајќи дека „светата цел“ на Израел е да ги врати заложниците дома.

Портпаролот на израелските вооружени сили, Даниел Хагари, претходно денеска изјави дека Хамас, непосредно пред доаѓањето на припадниците на ИДФ, брутално ги убил шестмината заложници киднапирани на 7 октомври, чии тела ги пронашле израелските војници во тунел во областа Рафа, во Појасот Газа, јави Тајмс оф Израел.

„Според првичните проценки, терористите на Хамас брутално ги убиле непосредно пред да стигнеме до нив. Оваа терористичка група ги киднапираше на 7 октомври минатата година. Нивните тела беа пронајдени за време на борбите во Рафа, во еден тунел на околу километар од тунелот каде пред неколку дена го спасивме заложникот Фархан ал Кади, рече Хагари на прес-конференцијата.

Телата на киднапираните Кармел Гет, Еден Јерушалми, Херш Голдберг-Полин, Александар Лобанов, Алмог Саруси и Ори Данин се вратени во Израел, се наведува во военото соопштение, пренесено од британските медиуми.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан