• понеделник, 23 декември 2024

„Хермес“лансира нова еколошка патна торба „Викторија“

„Хермес“лансира нова еколошка патна торба „Викторија“
Париз, 18 март 2021 (МИА) - Француската модна куќа „Хермес“ претстави нова патничката торба „Викторија“. Таа е направена од еколошкиот материјал наречен „Силванија“ што изгледа како кожа. Модниот бренд „Хермес“ претходно најави соработка со компанијата „Мајко-воркс“, што го создаде материјалот, што не е од животинско потекло, ниту пак, е пластика. „Силванија“ е изработен од мицелиум - мрежа од корени од габи, а наликува на кожа, според своите својства и изглед. Новиот модел на патната торба „Викторија“ е изработен од овој иновативен материјал и ќе изгледа како производ од телешка кожа со боја на ќилибар. Цената засега не е позната, а ќе се најде во продажба до крајот на 2021 година.  си/сд/

Остани поврзан