• петок, 22 ноември 2024

Хемингвеј: Попаметните луѓе се воопшто понесреќни во животот

Хемингвеј: Попаметните луѓе се воопшто понесреќни во животот

Лос Анџелес, 23 мај 2024 (МИА) - Иако починал пред 63 години, Ернест Хемингвеј, познатиот американски писател, раскажувач и новинар, продолжува да ја интригира светската јавност.

Имено, и во литературните дела на големиот ум кој си го окончал животот на скоро 62 години, се забележува таа сложена личност. Околу 30 години откако го нарекол својот татко „кукавица“ затоа што се застрелал, и Хемингвеј се самоубил, пукајќи се со ловечка пушка. Неговата сопруга Мери го нашла на прагот од семејната куќа. За тоа пишувале многу стручњаци, но се чини, и денес никој не може да го сфати тоа целосно.

Инаку, еден од неговите најпознати цитати е: „Среќата кај интелигентните луѓе е најретката работа што ја знам“.

Со паметните луѓе ништо не може да биде така едноставно. Хемингвеј верувал дека човек со високо ниво на интелигенција гледа на работите сосем поинаку и во никој случај не е рамнодушен кон она што се случува околу него. Американскиот нобеловец наведува барем шест причини зошто интелигентните луѓе се воопшто понесреќни од останатите. Според писателот:

Паметните луѓе анализираат сѐ - премногу; имаат премногу високи очекувања; премногу се самокритични; не им е доволна реалноста; имаат недостаток на длабока комуникација и разбирање и страдаат од психолошки проблеми.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан