• вторник, 16 јули 2024

Хеликоптерот на МВР исфрли над десет тони вода врз пожарот во општина Македонски Брод

Хеликоптерот на МВР исфрли над десет тони вода врз пожарот во општина Македонски Брод

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во близина на село Белица, општина Македонски Брод, го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, локализиран е крак од пожарот.

Како што информираа од МВР, хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над десет тони вода. цр/aa/

Фото:МИА архива

видео:МВР

Остани поврзан