• недела, 06 октомври 2024

Хезболах се закани дека Израел „со децении нема да закрепне од неговите напади“

Хезболах се закани дека Израел „со децении нема да закрепне од неговите напади“

Бејрут, 8 јули 2024 (МИА) – На Израел ќе му требаат децении за да закрепне од нападите на Хезболах, изјави денеска во парламентот шефот на политичкото крило на либанската група, Мохамед Рад.

- Израелското општество се распаѓа и ги гледаме последните фази на наводно обединето општество, рече Рад.

Тој додаде дека операциите на Хезболах се насочени кон „заштита на националното достоинство и територијалниот интегритет на Либан“ и оти обидите на групата да му се спротивстави на Израел не се залудни, пренесе иранската агенција Мер. јт/

Фото: Фејсбук

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан