• сабота, 16 ноември 2024

„Хајнц“ трага по спасеникот кој преживеал на море јадејќи кечап, за да му подари нов брод

„Хајнц“ трага по спасеникот кој преживеал на море јадејќи кечап, за да му подари нов брод

Росо, 27 февруари 2023 (МИА) - Маж мина недели изгубен на море пред околу два месеца, преживеал јадејќи само кечап, па сега има можност да добие нов брод како подарок од компанијата „Хајнц“ - производителот на намирницата што му го спасила животот на човекот. 

Потрагата е кон Елвис Франсоа (47), морнар од Доминика, кој минал 24 дена на море. Преживеал благодарение на шише кечап, лук во прав и коцки за супа што ги мешал со вода. Според објавите на „Хајнц“ на интернет-проторот, тие се обраќаат и до властите на островската држава во Средна Америка, како и до Колумбиската морнарица што го спаси близу Колумбија.

Но, засега, двонеделните обиди да се најде Франсоа не успеваат, и покрај повиците до пошироката јавност за помош во потрагата.

„Ги бараме сите веродостојни информации за контакт со Франсоа за да можеме да помогнеме во финансирање нов брод опремен со технологија за навигација за да се избегне друга катастрофа во иднина“, објави компанијата.

Франсоа работел на својот брод близу холандскиот дел на островот Сент Мартин во декември кога тој и пловилото биле повлечени во морето. Потоа бил спасен откако авионите го забележале неговиот брод, ккако што соопштија колумбиските власти.  си/сд/

Фото: Интернет-страницата на „Хајнц“.

Остани поврзан