Хајланд: Проблемот со корупцијата во Албанија мора да се држи под контрола, ако се сузбие ќе се интегрира во ЕУ
- -Корупцијата е големо прашање не само во Албанија или на Балканот. Овој проблем во Албанија мора да се надмине со помош на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК. Ако земјата ја сузбие корупцијата, ќе се интегрира во Европската унија и ќе привлече инвестиции. Мора да ја држите корупцијата под контрола и различните правни акти што ги правите мора да бидат во согласност со ЕУ. Ви треба овој фокус и оваа решителност и ние ќе ве поддржиме во тоа, рекла Хајланд.
Тирана, 16 септември 2024 (МИА) - Директорката на канцеларијата за јужна и централна Европа при Стејт департментот, Колин Хајланд, на Економската конференција за Западен Балкан „Balkanomics“, што се одржува во Тирана изјавила дека Албанија има напредок во борбата против корупцијата, но оти „проблемот со корупцијата мора да се држи под контрола и ако Албанија ја сузбие истата, ќе биде интегрирана во Европската унија, објави Топ чанел.
-Корупцијата е големо прашање не само во Албанија или на Балканот. Овој проблем во Албанија мора да се надмине со помош на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК. Ако земјата ја сузбие корупцијата, ќе се интегрира во Европската унија и ќе привлече инвестиции. Мора да ја држите корупцијата под контрола и различните правни акти што ги правите мора да бидат во согласност со ЕУ. Ви треба овој фокус и оваа решителност и ние ќе ве поддржиме во тоа, рекла Хајланд.
Таа нагласила дека секоја земја во регионот треба да се фокусира на претприемништвото и инвестициите, додавајќи дека САД и ЕУ го поддржуваат тоа.
-Не мислам дека има нешто помотивирачко од претприемачите и деловните луѓе кои сакаат да инвестираат во овој регион и сакаат да останат тука со добри работни места. Овие конференции се добри за да се продолжи ова, би било одлично ако има исход што ќе дојде на крајот од ова и можете да преземете акција. Треба да погледнете многу далеку за да ги видите придобивките од регионалната соработка во пристапот кон ЕУ и САД апсолутно го поддржуваат тоа, рече Хајланд.
На конференцијата шефот на канцеларијата на Светска банка во Албанија, Емануел Салинас, открил бројки за сиромаштијата во Албанија.
-Речиси 14 отсто од населението во Албанија живее во сиромаштија, односно имаат помалку од 5,5 долари дневно за живот. Друг значаен дел живее на прагот на сиромаштија. Албанија мора да се бори против сиромаштијата, нееднаквоста, преку создавање добри работни места, рекол Салинас. вт/сд/
Фото: принтскрин