• понеделник, 23 декември 2024

Хари и Меган и официјално без кралски должности и титула

Хари и Меган и официјално без кралски должности и титула
Лондон, 19 јануари 2020 (МИА) – Принцот Хари и неговата сопруга Меган повеќе нема да имаат обврски како членови на кралското семејство и повеќе нема да ја користат титулата „кралско височество“, соопшти вчера Бекингемската палата. Во соопштението се наведува дека Хари и Меган повеќе нема да примаат средства од јавните фондови и оти ќе ги вратат парите потрошени за реновирање на својот дом. - Хари, Меган и нивниот син Арчи секогаш ќе будат сакани членови на моето семејство, напиша кралицата Елизабета Втора во соопштението. Таа по состанокот со членовите на кралското семејство на 13 јануари се согласи со желбата на Хари и Меган да водат независен живот и оти е договорен преоден период, во кој тие ќе го поминуваат времето во Канада и Велика Британија. Војводата и војводтката од Сасекс претходно г о изненадија кралското семејство објавувајќи дека сакаат „нов работен модел“, што ќе им овозможи да поминуваат подолг период во Северна Америка и да бидат финансиски независни. Хари и Меган се откажаа од приходите од парите од британските даночни обврзници, за кои тврдат се пет проценти од нивните средства, додека 95 отсто од нивниот годишен приход доаѓа од приватниот имот на принцот од Велс, Чарлс. ми/

Тагови

Остани поврзан